Музика на кирилица

Dj Junior: Нова свежа крв на електронската музичка сцена

Многу има да се збори за овој млад и амбициозен артист кој полека но сигурно чекори во светот на електронската музика која е доста актуелна во целиот свет па и кај нас. Како што вели и самиот тој, неговата инспирација за да го работи ова се и неговите показатели и учители на музиката како Dj Tiesto, Avicii, David Guetta, Nicky Romero… се доволна причина да ги следи нивните стапки на успехот.

“Моето мото кое ми е како амајлија во она што го работам е чекори полека, но секогаш следи ги знаците на успехот па затоа никогаш не се предавам во намерата да се откажам толку лесно”, изјави Dj Junior кој ни даде до знаење дека секој неков подвиг е и нова авантура ново осознавање на музиката. Во она ние што имавме прилика да го слушнеме од неговата музичка работилница со оглед на фактот колку е тешко кај нас да се успее во тој жанр, не изненадија неговите музички парчиња и умешност на обработки на микс сетови од светските популарни имиња од музичката сцена.

Но не се двоумевме во нашиот избор да додадеме дека најновиот микс трап композиција е број 1 засега на неговиот soundcloud страна која е доста слушана со преку 450 прегледи кој сеуште се полни со слушаност.  Така што сега за сега ве оставаме да уживате во најновото издание со кој ке ги засладиме вашите вкусови кој е во продукција на неговата матична куќа La Familia Records на следниов линк.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: