Музика на кирилица

DJ Todoroff го објави своето 16-то по ред ЦД

Македонскиот Ди-Џеј и продуцент Тодорофф, официјално ја издаде својата нова, 16-та по ред ЦД – микс компилација од 19 нумери, од жанровите afro house, tech house и vocal house.

Тодорофф годинава слави 26 години постоење, а во неговата кариера има настапувано во Грција, Франција, Шпанија, Италија, Албанија, Бугарија, Дубаи, Абу Даби, Катар, Косово и многу други држави. Во портфолиото на DJ Todoroff се едни од најголемите фестивали, како Kalabalak, Greatest Hits, Tomorrowland Edition in Macedonia, Polin Beach Festival, Relive Heineken Festival.

Минатата година Тодорофф се најде на 37-мо место на beatport tech house листата, со неговото издание „Like This”, кое беше поддржано од светски познатите имиња Riva Starr, Chris Lake, Oscar El, Sllash & Doppe, San Divine, Cassim, Horatio и многу други.

Летната агенда на Тодорофф е речиси пополнета, а љубителите и поддржувачите на неговата музика можат да го добијат ЦД-то на некој од неговите настапи ширум Македонија.

Можеби ќе ве интересира: