Музика на кирилица

ДНК најавуваат нов видео спот?! (Аудио)

Познатите Андреј и Панчо или скратено ДНК деновиве привршуваат со снимањето на последните кадри за новиот видео спот за песната “Што сака нека биде”. Спотот за кој што овој пат е задолжена Томато продукција, како што велат главните артисти, ќе биде поразличен во однос на сценографија.

“Овој пат не сакам да откријам каков ќе биде спотот. Она што можам да го кажам е дека ќе се снима во студиото на Томато продукција, ќе изгледа феноменално и ќе биде уникатен”, изјави Панчо за весникот “Вечер”.

Промоцијата на овој видео спот, односно на песната “Што сака нека биде” кој е дел од последниот студиски албум “Срце”, треба да биде промовиран кон крајот на овој месец, односно најдоцна до 25-ти октомври.

Подготви: Адела Петревска

Можеби ќе ве интересира: