Музика на кирилица

“Најмила” најновиот спот на ДНК (Видео)

Познатото дуо “ДНК” пред неколку часа го претставија нивниот најнов видео запис за композицијата “Најмила”, која е во соработка со светскиот топ модел Катарина Ивановска која е и всушност главна улога во целото сценарио.

“Сигурно дека машката популација ќе ужива во ова наше ремек дело кое одлично се вклопува во нашата приказна, затоа полека ги работевме сите кадри и се заблагодаруваме на нашиот долгогодишен соработник Лазар Цветковски кој се потруди да го извлече максимумот од нас”, изјавија дечките од “ДНК”.

А она што следува од нив во иднина се нови хит синглови кој и понатаму ја потврдуваат онаа теза дека “добриот тим никогаш не се менува”, затоа уживајте и во едно извонредно музичко парче проследено со добра приказна.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: