Музика на кирилица

“Добро да е” од Слаткар со ремикс на DJ Junior

Многумина би сакале да слушнат некој ремикс на познатите хитови од Марко Слаткаристика, па благодарение на веќе докажаниот артист DJ Junior овој пат ни испрати нешто уникатно за кој однапред знаеме дека ќе биде хит низ цела Македонија. Сепак скромноста во неговата умешност го прави посебен и поразличен од другите артисти, па земајќи пример од светските музички имиња на електронската музика додаде и свој “зачин” во својот рецепт за успех.

“Многу дадов на оваа композиција, но знаејќи дека се работи за доста квалитетна композиција ми беше и мал ризик дали ќе успеам, но сепак на крајот се исплатеше”, изјави DJ Junior.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: