Музика на кирилица

Дочек на Нова година со најдоброто од Македонија

“Октопуси Ентертеинмент” со особено задоволство пред истекот на оваа година ви го најавува настанот организиран за уникатен пречек на Новата година и најлудата новогодишна прослава со најдоброто од македонската музичка сцена. По овој повод, на 31-ви декември во “Метрополис Арена” во Скопје заедно со нас ќе бидат познатите “виновници”  за незаборавните журки и музичките имиња кои станаа препознатливи по одличната атмосфера на нивните настапи, големиот број фанови и исклучителните концерти.

Оваа вечер, магичното место во Скопје ќе биде токму големата “Метрополис Арена” и бината на која во новогодишната атмосфера ќе настапат: Суперхикс, Пеперминт Гоце (Саф) и ЛД Пистолеро и Самоил Радински, со кои заедно ќе ја испратиме старата и на најдобар начин ќе ја дочекаме Новата 2015-та година. Гаранција за новогодишната фешта на овој настан е бендот кој и официјално го освои признанието за најдобриот одржан концерт во 2012-та – Суперхикс. Покрај нив, со нас ќе биде и бунтовната и алтернативна музичка дружина на Пеперминт, име кое веќе има бројна фан база во Македонија. Но и тоа не е се!

Со нас на оваа магична ноќ, задолжени за енергично хип-хоп лудување се македонскиот рапер, радиоводител и ди-џеј Владимир Пешков познат како ЛД Пистолеро заедно со диџеј Гоце Саф, кој на крајот на 90-те беше познат на македонската андерграунд сцена како дел од групата САФ. А на самиот почеток на Новата година забавата во “Метрополис Арена” ќе го очекува својот максимум со настапот на Самоил Радински, ди-џејот и продуцент кој активно ја промовира електронската музика уште од самите почетоци на оваа музика како движење. “EPM” за него вели:

“Самоил е со секое право во првите редови на новата авангарда на европската денс музика”, додека пак Orlando Voorn ќе каже: “Уште еден брат кој многу добро го разбира тоа, вистински воин на софистицираната андерграунд музика”.

Влезниците за најдобрата новогодишна прослава со најдоброто од Македонија се веќе достапни во продажба и тоа по промотивната цена со 50% попуст од само 200 денари. Оваа цена ќе важи само уште неколку дена или до 20-ти декември. По завршувањето на промотивната акција, влезниците во претпродажба ќе чинат 300 денари, а истите на 31-ви декември на влезот на “Метрополис Арена” ќе се продаваат по цена од 400 денари. За овој настан достапни се и ВИП влезници од 500 денари, како и ВИП пакетите од 4.000 денари (4 ВИП влезници + барска маса + Jаgermeister/Finlandia/Jack Daniels).

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: