Веќе докажаниот состав “Дрим Тим” кој долги години ја негува македонската фолклорна традиција ја започнаа својата нова европска турнеја, меѓу кој тие ќе ги посетат: Швајцарија, Холандија и Германија. Тие неодамна го промовираа нивниот најнов албум во хотелот “Александар Палас” со обработка на познати македонски песни од ризницата на фолклорното творештво, но и нивни авторски композиции во соработка со нивни соработници како Елена Велевска, Влатко Лозановски… каде покажаа како се чува и “гаи” македонската народна музика.
“Не ни е прв пат да бидеме дел од ваква европска турнеја, сепак имаме чест што за 8-ми март сме во Базел, Швајцарија така што веруваме сите што ќе присуствуваат на тој ден ќе бидат почестени од нашиот настап”, изјави Ангел Ќосев еден од членовите на бендот.
Воедно тие новогодишната ноќ ја поминаа во Канада каде поминаа една незаборавна луда вечер со што веќе нивните настапи се веќе однапред договорени и во други држави, по што веќе се познати по својата музичка уметност и дејност.
Подготви: Редакција Музика24