Вчеравечер на античкиот локалитет Хераклеа во Битола се оддржа првиот најавен концерт на маестралниот Дуке Бојаџиев, кој заедно со неколку члената екипа подготви и реализира концерт кој беше вистинско уживање за сите сетила. Мартин Ѓаконовски на контрабас, Костас Анастасиадис на тапани, Исмаил Лумановски на кларинет заедно со феноменалниот Бојаџиев направија вистинско магично патување низ времепросторот на античкиот локалитет во Битола.
Во продолжение, уживајте во мало парче на уметност, магија која ретко се доживува, а уште поретко може да се раскаже и сподели, изведбата на “Не си го продавај Кољо”, со маестро Лумановски на кларинет во преден план.
Подготви: Синиша Новевски