Музика на кирилица

Две години од смртта на великанот на македонската народна музика, Ѓорѓи Желчевски

Денеска се одбележуваат две години до смртта на Ѓорѓи Желчески, великан на македонската музика, кој долги децении во Белград и Србија ја афирмираше македонската народна музика и заедно со сопругата Кевсер Селимова беа вистински амбасадори на македонскиот мелос.

Тој почина на 82 годишна возраст.

Беше многу талентиран човек во естрадниот свет, можеби и единствен кој има четири дипломи – музичко школо, средно медицинско школо, потоа вишо педагошко училиште и Природно математички факултет (наставник по хемија).

Желчески, рано како солист во Радио Скопје, сфатил дека за народната музика која ја носел во своите гени не му треба никакво училиште. Во 1959 година на „Партизанските води“ на Златибор на барање на Маршалот Тито, се одржал фолклорен фестивал од цела Југославија, на кој Скопје како свој претставник го испратил Културниот клуб „Орце Николов“, на кој настапила и Кевсер Селимова.

Почнале да пеат и да снимаат во дует, ширејќи ја славата на македонската песна на сите меридијани, а бидејќи 50 години живееја и твореа во Белград, ги нарекуваа амбасадори на македонските песни.

Тој ќе остане запаметен со песните, кои во дует ги испеа со Кевсер, меѓу кои се „Елено, ќерко”, „Бело лице љубам јас”, „Врати ми се, љуби ме”, „Брала мома капини” и многу други.

Во Домот на АРМ во Скопје концертно го прославија пет децениското постоење.

Можеби ќе ве интересира: