Музика на кирилица

Двојно изненадување за фановите на ДНК

Чудно е да се замисли како било кој од музичкото дуо ДНК би бил некогаш сам, но сепак “Стојам сам” е насловот на нивниот нов сингл и видео запис кој ќе ѝ биде претставен на јавноста, заедно со промоцијата на новиот најавен албум, “Уште еден ден”. Видео записот е изработен од Гoрила продукција, под креативната насока на режисерот Горан Костадинов, а истиот е снимен на различни локации во Маврово и Скопје. Покрај Панчо и Андреј, главната улога во видео спотот ја има убавата Драгана од Неготино, а се појавуваат и уште две девојки во споредни улоги, Елеонора и Наталија.

DNK_videospot

“Главниот мотив за овој сингл и видео запис е всушност начинот на кој што ги третираме саканите и доловување на копнежот по онаа женска убавина која ја немаме, а која вообичаено ја идеализираме и посакуваме. Во спотот јас сум претставен како рамнодушен лик кон својата скромна и тивка жена, а претставата за мојата “идеална” девојка во спотот е провокативна личност. Андреј пак е претставен со тотално спротивна желба. Тој живее со невротична жена, додека неговиот идеал е комплетна спротивност – повлечена и мила девојка”, изјави Панчо, ДНК. Промоцијата на видео записот, како и на новиот албум, кој јавноста и фановите со нетрпение го очекуваат, ќе се одржи на 9-ти мај.

Подготви: Редакција на Музика24

Можеби ќе ве интересира: