Музика на кирилица

Ексклузивен концерт на Никола Мицевски со „New Era“ во Public Room

После големите промотивни концерти во НУ Центар за култура – Битола, Народниот тетар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот” во Велес и концертот во Македонската Филхармонија во Скопје, проектот на Никола Мицевски “New Era” ќе можете да го видите и во малку поинтимно и ексклузивно издание со многу гости во „Public Room” на 18-ти Мај.

Проектот „NEW ERA” претставува симбиоза на различни жанрови, едно филмско начело фузирано со етно, рок и електро основи во служба на пијаното и солистички инструменти. Овој пат покрај Никола Мицевски и пријателите ќе има и неколку гости како изненадување.

Влезниците чинат 400 денари и можете да ги набавите на следниот линк на ticketx.mk

Можеби ќе ве интересира: