Музика на кирилица

Елена Петреска: Некогаш и сега (Фото)

Македонска пејачка на забавна музика Елена Петреска која зад себе и нема некој познат и популарен хит, ако тука не ја вброиме песната “Симни ми ѕвезди” отпеана на “Макфест 2000”, нашето внимание го привлече со трансформацијата со која години наназад го менува својот изглед за да изгледа подобро и поубаво. Веројатно незадоволна од изгледот, таа се подложила на естетски зафат со кој ги има средено подочниците, носот, јаболчниците, устата… или со еден збор естетска корекција на лицето.

Таа денес не личи на онаа Елена која некогаш ја запознавме на малите екрани. Наликува на пејачките од соседна Бугарија т.н. “пајнерки”, или на разно-разните музички имиња кое се појавуваат на познатата пинкова телевизија.

А за и самите да направите разлика како таа изгледала некогаш, а како денес, погледнете ги фотографиите подолу.

Пред:

Потоа:

Можеби ќе ве интересира: