Музика на кирилица

Елена Петреска – плукна па излижа и го отвори “Пивофест”

Таа е дел од македонската музичка сцена и пред две години од нигде никаде самата изјави дека се повлекува од истата, дека нема ниту да пее, ниту пак да снима нови песни или пак да настапува, иако не се сеќаваме на некои нејзини хитови. Меѓутоа кога човек не си го цени дадениот збор во јавност се случува само иницијативен демант, плукна и излижа.

Ако Петреска мисли дека имаме кратка меморија, ќе и кажеме дека на кратката меморија имаме долга архива.

“Само ќе кажам дека повеќе нема да пеам на естрада, дека нема да снимам песни ниту да пеам по фестивали. Секогаш мора да избие од нигде никаде нешто за што ќе се пишува и зборува со денови и ќе ми создава стресови. Меѓутоа сега сум навистина сигурна во мојата одлука дека навистина нема веќе да го правам тоа. Јас сум постојано исполнета со музика, пејам во опера”, вели Петреска, ова е всушност само дел од интервјуто кое што Петреска го има дадено за Музика24.

Претпоставуваме дека во недостаток на финансии Елена Петреска одлучи да ги прифати понудите за настап на фестивали, кои некогаш истите и предизвикуваа стресови. Па така таа неодамна се појави на “Мелфест” каде пак за чудо директор е Пеце Стоикоски, кој пак за чудо годинава ја има добиено довербата од Општина Прилеп за организирање на “Пивофест”, каде пак за чудо ПР е познат македонски водител кој што преку една скопска туристичка агенција селектира и праќа македонски јавни личности, каде пак за чудо Елена Петреска често е дел од нивните бесплатни патувања.

Дека станува збор за добро уиграна лоби група која финансиите треба ги подели меѓу себе тоа веќе и врапчињата го знаат , што велат прилепчани моештина болештина.

Можеби ќе ве интересира: