Музика на кирилица

Елена Ристеска ја воодушеви и расплака цела публика (Видео)

Факт е дека македонскиот фолклор е бренд во целиот свет кој одекнува со голема емоција, но и радост каде и да е, во контекст на тоа вчера во студиото на тв Прва во Србија имавме интересна прилика да слушнеме како Елена Ристеска во имитација на Есма Реџепова ја изведе веќе докажаната македонска народна песна “Зајди Зајди”. Колку и да се чинеше лесно од страна на Елена Ристеска, сепак беше голем залак за оние кој со целосно внимание и солзи во очите ја следеа феноменалната изведба која сите ги остави во еден здив без коментар.

На тоа се приклучи и Јелена Карлеуша која се огласи на нејзиниот твитер која додаде дека досега нема слушнато ваква изведба која ќе те натера да уживаш во интерепретацијата.

А како изгледаше сето тоа погледнете на следниот линк.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: