Музика на кирилица

Енерџи бенд и Елена Велевска со феноменални настапи во Австралија (Фото)

Македонската фолк пејачка Елена Велевска заедно со Ѓоко Јовиќ и Енерџи бенд веќе извесен период се на турнеја низ градовите во Австралија каде приредија журка за паметење која досега се нема случено. Иако како што велат иселениците во Австралија многу бакшиши им собрале, но една е причината пред се добрата забава и феноменалните вокали на Елена и Ѓоко Јовиќ кој до раните утрински часови ги забавуваат со кој е доволен пример како може да се задоволат сите вкусови кој присуствуваат на самиот настан.

“Можам слободно да потврдам иако сум прв пат со Енерџи бенд и Ѓоко Јовиќ, сепак тие се врвни во она што го работат знаат каде најмногу да ги погодат иселениците, така што сум изненадена од нивниот пристап бидејќи нормално и јас покрај нив уживам додека пеам”, изјави Елена Велевска.

Elena VelevskaВоедно за дочекот на новогодишната ноќ, Енерџи бенд ќе го поминат во Прилеп во ресторан “Центар”, додека Елена Велевска ќе биде во Канада заедно со Дрим Тим, се разбира ова е мал доказ за она што иселениците го тврдат за феноменалниот настап на Елена, Ѓоко и Енерџи бенд.

Goko Jovik

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: