Музика на кирилица

Елена Велевска: На македонската музичка сцена постои премногу лицемерие (Видео)

Во едно од новогодишните изданија на тв емисијата “Урбан Таг”, што се емитува на тв 21, гостинка беше популарната фолк пејачка Елена Велевска која зборуваше за македонската музичка естрада и се она што се случува во и околу неа. Меѓудругото Велевска изјави дека иако живее во можеби најубавиот град во Република Македонија Охрид, понекогаш и е отежнато функционирањето со оглед на тоа што повеќето работи се случуваат во главниот град, во Скопје. А на прашањето, што и недостига на македонската музичка естрада, пејачката одговори:

“Јас секогаш сакам да најавам дека навистина ни негостигаат тим на професионалци во секое поле, како и во музиката, така ќе се согласат и оние што се занимаваат со друго. Но, навистина е тешко да се најде тим на професионалци, за маркетинг, за тим на продуценти музички гледано, тим за видео спотови, значи јас секогаш сум голем бунтовник и барам се да биде на едно завидно ниво, тука во Македонија ретко може да го добиеме тоа што јас го барам. Секогаш многу тешко успевам во намерите додека не се вклучам сама себе да кажам што сакам да направам и кои се моите очекувања. Така да секогаш велат ти многу бараш, ако правиме велам да правиме нешто што ќе не одвои, ако не воопшто да не ни почнуваме. Така да навистина ни требаат професионалци, ни треба поголема одговорност кај луѓето, она што го зборуваат да го исполнат”, изјави Елена Велевска.

А таа потоа додава дека на македонската музичка сцена постои многу лицемерие. Дека вообичаено проблем и несогласување имаат со новосоздадените пејачки имиња, додека со професионалците секогаш е полесно за соработка. Велевска уште вели дека во нашата држава недостасува професионална продуценска издавачка куќа, недостигаат медиумски музички емисии и се додека тоа не се среди во нашата држава никогаш нема да постојат ѕвезди во вистинска смисла на зборот.

Што изјавува нашата позната фолк пејачка во останатиот дел од тв емисијата, погледнете го видеото во продолжение од “Урбан Таг” со водителот Кристијан Ландров.

Подготви: Андреја Андреевиќ

Можеби ќе ве интересира: