Музичкиот портал Музика24 дознава дека познатата фолк пеачка Елена Велевска по трет пат ќе биде мајка. Имено, таа е во блажена состојба, а кога семејството и нејзинот сопруг ја дознале оваа информација, секако сите ја дочекале со голема радост и среќа. Дали по спотот “Невеста”, каде Велевска во присуство на своите колеги го снимаше спотот, има некое влијание, бидејќи секоја невеста по извесен период е во блажена состојба, сеуште незнаеме, но сепак шегата на страна, Музика24 на идната мајка и посакува мирни и спокојни денови.
Музика24