Музика на кирилица

Елена Велевска разочарана од Грција, се враќа во својот Охрид

Како што пишува дневното списание Вест, фолк пејачката Елена Велевска која заминала на одмор во Грција, се вратила во својот Охрид неколку дена порано. Таа вели дека овогодинешното летување за неа и нејзиното семејство бил вистински хорор и дека никогаш повеќе нема да замине на одмор кај нашиот јужен сосед.

“Бевме сместени во хотел со 4 ѕвездици на првиот крак, но кога пристигнавме, сфативме дека ништо не е така како што беше прикажано на интернет страницата на хотелот. Речиси 40% од гостите беа македонци. Односот на вработените и храната беа лоши. Плажата наместо песочна, беше полна со камења. Потоа дополнително требаше да плаќаме за користење на клима, на фитнес центар, па дури и за лежалките на плажа. Кога угостителите од Охрид така би им правеле на грчките туристи, би се кренал бунт”, изјави Елена. Познатата фолк пејачка сакајќи да се одмори од многубројните настапи во текот на изминатиот период решила довербата да ја довери токму кај нашите соседи, но наместо тоа, таа го доживела токму она спротивното.

“Наместо да се релаксирам, јас се наполнив со стрес. Како капак на сe, хотелот вриеше од инсекти и ќерката Софија и сопругот Марјан ги касна оса. Затоа ги спакувавме куферите и се вративме назад, во нашиот прекрасен Охрид. Ова ми дојде како добра лекција” вели Велевска за Вест.

Подготви: Андреја Андреевиќ

Можеби ќе ве интересира: