Музика на кирилица

Ем хуманитерно Ем музички – Пајак со своите познати хитови ги забавуваше прилепчани (Фото)

Во неделата на 7-ми јули во организација на ЕвроГол (фудбалска група од Прилеп) беа доделени награди за најдобрите фудбалери и голмани, а веднаш по доделувањето на наградите познатиот македонски артист Пајак (препознатлив по голем број на музички хитови) го започна својот настап пред присутната публика.

Како што не информира нашиот соработник од Прилеп Христијан Ангелески, настапот на Пајак започна околу 21:40 и траеше околу 1 час, а за тоа време присутните ги забавуваше со своите најпознати хит рефрени „Бела“ дует на Пајак и Лара која што за прв пат премиерно беше отпеана на „Макфест 2022“, а една година подоцна беше прогласена и за најслушана песна помегу двата фестивали.

Секако Пајак не ги испушти и ги отпеа и другите популарни песни како „Хабиби” дует песна со Антониа Гиговска, „Летња авантура” дует песна со Теодора Џехверовиќ, „Хелбој”, „Магија” дует песна со Јован Јованов… и многу други.

На настанот генерално публиката беше помеѓу 10 и 17 години, но имаше и доста постара популација која што уживаше во хитовите на ова младо и интересно момче. Инаку, настанот се одржуваше на малото фудбалско игралиште на Могилата на непобедените. Една влезница чинеше 200 денари, а собраните средства од влезниците ќе бидат донирани во хуманитарни цели.

Можеби ќе ве интересира: