Музика на кирилица

Емил Арсов со најава за нов видео спот и деби албум

Емил Арсов минатата година го сакаше октомври, оваа година повторно не почести со присуство на фестивалот за забавни мелодии во Штип, “Макфест”, со композицијата “Главна улога”, за која сними спот и истиот ќе може да се проследи неделава, кога и истиот ќе се промовира по ТВ каналите.

Во спотот освен Емил како статист, се појавуваат и две девојки кои се манекенки од модната агенција “Моделс Ин”, Катерина Стојанова и Александра Видоевиќ. Снимањето се одржало на неколку локации во Скопје, а траело 2 дена. Се надеваме дека на Емил ќе му прерасне во традиција овековечувањето на макфестовските композиции. Во моментот тој работи на првиот деби албум, подготвува нови песни, а најновото нешто деновиве е дека оствари соработка во Хрватска, каде што сними спот за песната “Чувај, чувај”.

Подготви: Сања Неткова

Можеби ќе ве интересира: