Музика на кирилица

Емоциите на Перо Камиказа како белег на промоцијата на Меморија

Како што доликува за секој голем гала настан, така и вчера во Универзитетот Скопје, пред голем број на новинари, пријатели и соработници членовите на легендарната култна популарна македонска поп-рок група „Меморија“ одржаа голема прес-конференција и промоција на три видеоспота и една нова песна.

Тие го промовираа новиот видеоспот за песната „За тебе“ и ја одржаа првата прес-конференција по повод големиот солистички концерт закажан за средината 16-ти ноември 2024 година во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.

Покрај премиерата на видото за поп-рок баладата „За тебе“, беа јавно промовирани и рок-фолк сплетот „Македонски бисери“, како и преработката на песната „Јано“ од легендарнта рок група од седумдесеттите „Триангл“, снимени во живо на неодамнешниот концерт на „Меморија“ во „Домот на млади“ во Штип.

По воведниите зборови на модераторот, инаку бивш член и еден од основачите на „Меморија“, денеска ПР-от на бендот, новинарот и водител Антонио Димитриевски, промоцијата ја отвори лидерот на групата Петар Георгиевски – Камиказа. Тој говореше за соработката со Универзитетот „Скопје“, по што збор зеде и ректорот на оваа високобразовна установа, Аце Миленковски, кој говореше за значењето, помошта и соработката помеѓу универзитетот и бендот.

Баладата „За тебе“ е посветена на прерано починатата сопруга на пејачот на бендот Поце Икономов, во чија чест лидерот Георгиевски побара од присутните да ѝ оддадат почит со едноминутно молчење.

На промоцијата се случи еден несекојдневенкуриозитет, кога на едно од новинарските прашања лидерот на „Меморија“ не можеше да ги сокрие солзите, па откако го совладаа сеќавањата и спомените и јавно заплака, што досега на Перо – Камиказа не му се случило, но ете… Никој не е посилен од емоциите, колку и да изгледа дека е силен и важи за еден од оние, тврдокорните.

Можеби ќе ве интересира: