Музика на кирилица

Магдалена Цветкоска се враќа на македонската поп музичка сцена

Магдалена Цветковска Ена во последно време работи зад партитурите, односно како автор. Таа во изминатиот период, заедно со својот брат Лазар кој ја работеше музиката, напиша мноштво текстови како за нашите, така и за ѕвездите од соседството.

Сега реши дека е време повторно да застане пред микрофонот и да не почести со нова песна за која сама ги напиша стиховите и која по подолго време таа и ќе ја пее. Музиката, аранжманот и продукцијата ги потпиша нејзиниот брат, хитмејкерот Лазар Цветковски.

Станува збор за песната “Плачат и најсилни”, која ќе добие свој и видео запис кој познатата пејачка и авторка го сними на неколку локации во Прилеп и во Скопје. Се надеваме дека нема да чекаме премногу за да ја слушнеме.

Подготви: Редакција на Музика24

Можеби ќе ве интересира: