Музика на кирилица

Ерик Фокс и “Паркети” во заедничка “Авантура”

Битолската рокенрол атракција “Паркети” деновиве го претстави својот новиот сингл насловен “Авантура”, чиј комплетен автор е познатиот диџеј и продуцент Ерик Фокс, додека текстот го напишаа сите паркети заедно. Песната е во алтернативен рок стил својствен за бендот, за кој се планира уште следната недела да се сними и видео запис во Битола.

“Ерик ја даде идејата да биде нешто во врска со авантура и бидејќи е добро дете ние радосно прифативме да направиме заедничка соработка. Инаку, од последниот албум наречен “Паркети”, кој го издадовме на почетокот на оваа година, извадовме три синглови со спотови за “Lover Boy”, “Blondie” и “Дај ми љубов” и таман паднавме во летаргија дека нема да имаме некој комерцијален успех, ете можеби оваа кармичка соработка ќе го промени тоа”, ни изјави Сашо Паркет.

Parketi_znameИнтересно е тоа што овој бенд веќе цели 24 години опстојува на музичката сцена и е оформен точно на 8 септември 1991 година, денот на роденденот на нашата република, неделата на референдумот е дадено името на бендот, а од оваа година бендот има и свој грб на паркети.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: