Музика на кирилица

Eye Cue со нова приказна насловена “Еве Пак” (Аудио)

Бендот Eye Cue кој неодамна го промовираше својот втор албум насловен “Само Сакав!”, го промовира носечкиот сингл од албумот насловен “Еве Пак”. Песната е комплетно авторско дело на лидерот на бендот Бојан Трајковски кој се погрожи и за продукцијата и снимањето во своето студио “Music House”.

По успешните “Само Сакав”, “Колку Пати” следува “Eве Пак”, песна за која во моментов се работи и видео запис со “Горила Филм” кој ќе биде објавен наскоро.

Во моментов бендот се подготвува за концертната турнеја за промоција на албумот која ќе ги опфати поголемиот број на градови во републикава и ќе заврши со голем настап на фестивалот “Пиволенд” во Скопје.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: