Музика на кирилица

„Фанк шуи“ после 4 години со самостоен концерт во Скопје

После точно 4 години, „Фанк Шуи“ се враќаат со самостоен концерт, на 31-ви март во Денсинг салата на МКЦ. Овој концерт воедно претставува и промоција на долгоочекуваниот трет студиски албум насловен „Никогаш Пак“, во кој се наоѓаат добро познатите хитови „Крик”, „Метеори”, „Ветер”, „Не Време”.

„Фанк Шуи“ најавуваат концерт од час и половина во кој покрај селекција од нивните веќе добро познати минати изданија, за прв пат во целост ќе го изведат и новиот албум. Влезниците за концертот ќе бидат во продажба од вторник (7-ти март) од 10 часот наутро, онлајн на bileti.mkc.mk , како и на билетарницата на МКЦ. Првите 100 билети – по цена од 300 ден, останатите – 400 ден, a на денот на концертот – 500ден.

Со позитивните импресии од регионот и пошироко се потврди дека бендот од Скопје успешно ги надминува јазичните бариери во пренесување на музичката порака. „Фанк Шуи“ штотуку се вратија од мини европска турнеја во која во во изминатава година оддржаа концерти во Лондон, Ливерпул, Виена, Берлин, Ајндховен, Варшава, Краков, Гронинген, како и 10-тина концерти низ Балканот. „Фанк Шуи“ неодамна го издадоа и новиот сингл „Магла” кој е дел од новиот албум „Никогаш пак”. Синглот доби свој анимиран видео запис и е веќе достапен на сите онлајн стриминг платформи. Анимираното музичко видео е под капата на белградската продукција FriedTV (Ѓорѓе Јовановиќ, Вук Таталовиќ, и Јосип Модлиќ)

Во изминатите неколку години, „Фанк Шуи“ бројат повеќе видео награди и признанија за спотовите за „Метеори“, „Ветер“ и „Не Време“, како и многубројни номинации од страна на етаблираните AWMA 2021, HEMI Awards, WMA 2022, Balkan Rock, Музика ХР и др.

Можеби ќе ве интересира: