По успехот на песната “Намерно”, Фифи продолжува со нов проект. Станува збор за балада во која гласовните квалитети се доведени до максимум. Насловот на песната е “Далечни”, а ја сработија Адреналин продукција. Се планира да се сними и видео запис.
Песната е снимена, но се доработува и би требало веќе следниот месец да се промовира. Текстот на оваа нова песна е на Фифи и како за прв пат, одлично се снајде. До официјалната промоција на новата песна и видео запис, потсетете се на песната која е последна од репертоарот на Фифи.
Подготви: Редакција на Музика24