Музика на кирилица

Фифи: Ви благодарам на неизмерната поддршка

За нејзе може многу да се каже, може да ја сакате, но и да не ви се допаѓа, но не смеете  да и го оспорите талентот кој го поседува, талент кој за жал не доволно имаше прилика да го прикаже овде – дома. Па не за џабе рекле, најтешко е дома да се докажеш. Се трудеше максимално, направи неколку песни, видеа, но и тоа не беше доволно, беше неприфатена, видеата не и беа емитувани на ТВ, ја нема на топ листите, нејзината музика не може да се слушне на радио, а зошто?

Ограниченоста на тој некој кој одлучува, не сака нешто поразлично, поинакво од она кое одстапува од “нормалното”. Но се се смени одкога ја видовме на аудицијата на планетарно популарното шоу “X Factor Adria”. Нејзината појава не може да остане незабележана. Излезе, отпеа и успеа да докаже со тоа дека не е фрик, туку напротив поразлична е од останатите, но има талент. Успеа да влезе и во вториот круг, што е успех, до каде ќе отиде не се знае, но и со ова може да се гордее.

“Пред се Ви благодарам на неизмерната поддршка која ми ја давате, што ме има на вашиот портал. Јас редовно се информирам што има ново кога е музиката во прашање благодарение на Вас. Прекрасни сте”, ни подели Фифи комплименти за нашиот специјализиран музички портал и додаде:

“Сеуште не сум свесна што ми се случува, добивам поддршка од сите страни, преовладуваат убавите коментари, имам неизмерна поддршка од моите пријатели, од луѓе кои не ги познавам, но и пријатно сум изненадена што колегите го постираа мојот прв настап и ми дадоа поддршка, тоа ми беше ветар во грб за да продолжам понатаму. Стигнав до вториот круг, јас ќе дадам максиумум од себе, па ќе видиме”, изјави Фифи за Музика24.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: