Музика на кирилица

Филип Јордановски и Емилија Гиевска со спот за макфестовската “Ти можеш да ми правиш се”

Музика24 дознава дека пејачите Филип Јордановски и Емилија Гиевска ќе снимаат спот за својата макфестовска дуетска песна “Ти можеш да ми правиш се”. Со оваа песна тие на последното макфестовско издание се пласираа во финалето.

“Спотот ќе го снимевме досега, но се чекаше подобрување на временските услови. Веќе има сценарио, според кое ќе се снима напролет, некаде надвор и затоа чекаме да се стопли времето”, изјави Филип за музичкиот портал Музика24.

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: