Музика на кирилица

Фолк пејачката Андријана измамена од “менаџер” прилепчанец

Фолк пејачката Андријана, која се уште е актуелна со песната и спотот за “Абра Кадабра”, пред неколку дена се врати од Швајцарија каде што имаше неколку настапи во дискотеки. Но, наместо среќна и задоволна да се врати дома, доживеала непријатно изненадување. Како што Андријана откри за порталот Вистина, таа вредно си го изработила својот дел, но не претпоставувала што ќе и се случи на крајот, кога требало да си го добие хонорарот за отпеаното.

“Пеев во една дискотека каде што газдата не знаеше ниту македонски, ниту англиски, а јас не знам германски. Еден Македонец кој беше посредник за мојот настап таму преведуваше и без да знам си земал дел од мојот хонорар”, вели Андријана за порталот. Инаку, овој “менаџер” кој по потекло е од Прилеп, а живее во Швајцарија е познат по тоа што прави измами од ваков тип, намамувајќи пејачки да доаѓаат да настапуваат во Швајцарија, при тоа користејќи ја својата интелигенција и моќ за лажење и на луѓето им ги зема парите.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: