Познатата македонска фолк пејачка Елена Велеска веќе неколку дена се наоѓа во Дубаи, каде што ги полни батериите пред периодот кој што и следи, исполнет со многу настапи, концерти и приватни прослави. Таа секојдневно на својот Инстаграм профил постира голем број на сториња, фотографии каде јасно се гледа дека Велеска едноставно ужива во одморот.

Се пофали и дека ужива во луксузот на Дубаи, па со коктел во рака им наздрави на своите фанови и обожаватели, а воедно со еден од постовите ги најави и своите следни настапи низ Македонија.

Шетајќи низ најубавите згради, сончајќи се на едни од најубавите плажи со најубавиот поглед Велеска постирајќи фотографија од одморот, напиша: „Животот е посебен за посебни луѓе“.
