Музика на кирилица

Фолк пејачките Елена Јовческа и Сања Ристеска со најава на интересен новогодишен музички проект (Фото+Видео)

Познатата македонска фолк пејачка Елена Јовческа предновогодишно ви го најавува големиот музички проект кој неодамна го снимаше со својата колешка Сања Ристеска во продукција на ИН Телевизија. Како што и самата Елена изјавува за музичкиот портал Музика24, овој музички проект кој патем освен на ИН Телевизија ќе се емитува и на останатите македонски тв станици, се нарекува “Македонија вечна” и во истиот заедно со својата колешка пејат македонски патриотски песни.

Во новогодишното музичко тв шоу Елена и Сања пејат микс од македонски песни, а меѓудругото, тие имаат и два дуети и тоа за песните “Мајка” и “Море сокол пие”, а поеднинечно македонската публика и тв гледачите ќе можат да слушнат песни од Елена Јовческа и Сања Ристеска, односно, нивните најголеми хитови досега.

Миксот е снимен во студиото “Кочан” во Битола под раководство на тон мајсторот Никола Кочанковски-Кочан. А за одличниот изглед на пејачките и да бидат така совршено средени, се погрижи познатиот Алек Палада.

Можеби ќе ве интересира: