Музика на кирилица

Фолк пејачот Наум Петрески стана дедо по втор пат

Анастасија Петреска, ќерката на Наум стана мајка по втор пат и добија машко дете, објави порталот ММС.

„Ти благодарам љубов моја, Џиџе си доби братле“, напишал Владимир Поповски, сопругот на Анастасија, зетот на Наум, кој е инаку пејач на групата „Биоритам“.

„Бебето ќе се вика Лука по наша желба“, изјавил Владимир за ММС. Тој и Анастасија како што споменавме погоре, пред пет години станаа родители на Андреа, која сега е пресреќна што има братче.

Во март во 2019 година, македонската естрадна брачна двојка, Анастасија Петреска и Владимир Поповски станаа родители. Убавата вест на социјалните мрежи ја соопшти сестрата на Анастасија и ќерка на фолк пејачот Наум Петрески, Сања, која се пофали дека станала тетка. Бебенцето доби модерно име кое и го дадоа мама и тато, а одлуката била малата принцеза да се вика Андреа.

Можеби ќе ве интересира: