Музика на кирилица

Foolish Green го најавува деби албумот

Откако во јуни изминатата година го објави ЕП-изданието “Sun is Gone”, Foolish Green стана име кое ветува здрава свежина на домашната сцена и бенд со музичка зрелост која префинетата музичка јавност ја прифаќа со целосно одобрување. Потврда за нивната музичка заводливост беше и одличниот концерт во преполната сала на Дом на АРМ за време на “ПИН” музичката конференција во ноември 2012, а она што допрва следува од овој млад алтернативен состав е објавувањето на нивниот прв лонг-плеј албум, кој го очекуваме кон крајот на февруари 2013.Во декември 2012-та, бендот го претстави новогодишниот сингл “Лајка” како прв дел од надоаѓачкиот албум насловен “Escape”.

Ова ќе биде првиот лонг-плеј албум на групата, но и едно од ретките изданија од ваков тип на музички правци на нашите простори, на кој ќе бидат претставени вкупно 12 композиции. Деби албумот, кој ќе биде објавен за издавачката куќа “Пасворд Продакшн”, е снимен во домашно студио, со мастеринг на Дарко Спасовски – Пацки, додека зад музиката се потпишува Ненад Стефановски – Брус. Како дел од подготовките за албумот, неодамна беа објавени и промо фотграфиите на бендот во изработка на фотографот Кристијан Теодоров, а по објавувањето на албумот “Escape”, Foolish Green најавуваат и концертна промоција.

Подготви: Редакција на Музика24

Можеби ќе ве интересира: