Музика на кирилица

„Funk Shui“ ќе одржи концерти во Лондон и Ливерпул

Македонскиот бенд „Funk Shui“ ја започнаа 2022 година со онлајн претставување на најголемиот и најпрестижен show case фестивал во Европа, „Eurosonic“ во Холандија.
Пролетва тие ќе имаат два концерти во Англија. Имено на 29-ти април ќе имаат свој концерт во Лондон, а следниот ден гостуваат на фестивалот „Sound City“ во Ливерпулна кој многу артисти од музичката идустрија ја имаат започнато својата кариератамеѓу кои и Ed SheeranFlorence and the Machine, The XX, Alt J, The Kooks, итн.

Возбудени сме што ќе имаме можност да настапиме во Лондон и Ливерпул и што ќе ја споделиме нашата музика со тамошната публика. Почестени сме што ќе бидеме дел од програмата наSound City Festival“ во Ливерпул, еден од најголемите
show case фестивали во Европа. Исто така, со нетрпение го очекуваме и нашиот концерт во добро познатиот клуб „ The old blue last” во Лондон! – велат од бендот.

Можеби ќе ве интересира: