Музика на кирилица

Гарванлиев за ДВ: Јас сум еден од најгордите Македонци

Дали јавноста ќе му пресуди на годинешниот македонски претставник на Евровизискиот натпревар Васил Гарванлиев и дали тој ќе остане или замине за Ротердам, зависи од одлуката на Македонската радио телевизија која треба да биде донесена денеска. За DW Гарванлиев вели:

„Музиката е мојот искрен пасош. Јас сум амбасадор на музика, полн со приказни, корени и нема никогаш да се извинам за тоа,“ вели Васил Гарванлиев за Дојче Веле.

На прашањето како се чувствуа по објавата дека има двојно државјанство, Васил вели дека е горд Македонец.

“Како човек со огромно срце искрена душа, полна со музика и верувајте или не јас сум еден од најгордите Македонци.Каде и да на настапувам дали во Торонто, Чикаго… сите ме знаат како Васил Гарванлиев од Македонија”, вели Гарванлиев.

Можеби ќе ве интересира: