Музика на кирилица

Гласајте за Брука Бенд кој годинава настапува на Јелен Демофест

Момците од Брука Бенд оваа година ќе настапат на Јелен Демофест. Самиот фестивал, преку својот спонзор M:TEL организира наградна игра во вид на гласање. Победникот, односно, бендот што ќе добие највеќе гласови, ја добива главната награда лап топ Acer Aspire ES1 – 512.

“Е сеа вака да ви кажеме. За лап топ многу не ни е, ама ако ни помогнете да го освоиме и им го лапнеме пред нос на сите, или ќе го продадеме и ќе ги вложиме парите во снимање албум, или пак ќе го продадеме и ќе купиме пиво за сите пари и сите што гласале ќе ги поканиме на бесплатен концерт, со гага пиво што е боља опција!!!”, изјавија од бендот.

Да ги поддржиме во намерата со гласање на овој линк: Брука Бенд на Јелен Демофест (тие се на страницата број 7).

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: