Музика на кирилица

Ѓоко Танески ќе станува фолкер?!

Ѓоко Танески кој извесен период апстинира кога издавањето на албумот е во прашање, вели дека во моментов се наоѓа на крстосница, затоа што неможе да се одлучи дали да продолжи да се занимава со поп-музика или да премине во фолкери.

“Кај нас, за жал, не се заработува многу од музиката што ја правев досега. Токму поради тоа планирам да почнам да пеам народно, но сеуште не сум решил што и како ќе биде. Кога велам народно, не мислам на музиката која ја прават новокомпонираните пејачи, туку на онаа изворната која ја чувствувам за блиска”, вели Танески. Пејачот веќе идниот месец ќе замине во Америка, а престојот таму ќе го искористи за шетање и запознавање на нивната култура и начин на живот.

“Одам за Америка, но приватно, нема да пеам. Да го опипам теренот малку, но и да се прошетам”, низ насмевка прокоментира Ѓоко, кој долги годни е во брак со Розе со која ги има двете ќерки Анастасија и Михаела.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: