Музика на кирилица

Горан Милошески: Ниту еден пејач не ја отпеа “Пушти ме” како што тој знаеше да ја отпее (Фото+Видео)

Познатиот македонски пејач, композитор, продуцент и аранжер Горан Милошески преку емотивна и искрена порака напишана на неговиот Фејсбук профил на еден интересен начин покажа колку му недостасува Тоше и колку се има направено за ова младо момче кое што некогаш за прв пат се има појавено на фестивал. Како што и самиот тој вели, музичкиот фестивал “МелФест”, кој за жал повеќе не постои, беше отскочна даска за тогаш младото, симпатично, срамежливо момче кое доаѓа од Крушево со желба и мотивација да зграби се пред себе и да победи.

После победата на “МелФест” каде ја отпеа песната “Yesterday” од “The Beatles”, тој истата година се подготвува да настапи на Фестивалот за забавни мелодии “Макфест” во Штип. Тогаш Горан Милошески за него ја подготвува “Пушти ме”, песна со која што Тоше за прв пат настапува на фестивал со своја песна. По настапот на штипскиот фестивал, многумина се изненадени од Тоше, од неговиот глас, од тоа дека конечно се појави ново и младо музичко лице на македонската музичка сцена кое што може да направи речиси се, може да отпее се. Од таа 1997-ма година започнува музичката кариера на Тоше.

“Шест месеци секојдневно се подготвувавме за “Макфест”. Иако татко му не дозволуваше јас сепак го пријавив како Тоше Проески, бидејќи навистина е неблагодарно младо момче на 16 години кое прв пат треба да се појави на голем и познат фестивал како што е “Макфест” да се појави како Тодор Проески. И така тој остана како Тоше, нашиот Тоше”, вели за Музика24 авторот на првата песна на Тоше, познатиот Горан Милошески.

И со право овој човек можеме слободно да кажеме дека е негов ментор, учител или просто кажано, човек кој што ги открил и видел талентот, упорноста и љубовта кон македонската музика. Иако многумина и незнаат, песната “Пушти ме” е првата песна со која што нашиот Тоше се има појавено и претставено во јавноста.

Можеби ќе ве интересира:

Се вчитува....