Музика на кирилица

Гори симболот на Скопје – Универзалната сала (Фото)

Утрово скопјани се разбудија со голем шок. Култниот симбол на овој град, местото каде многу познати македонски, југословенски, балкански и светски познати пејачки имиња, групи… Универзалната сала која што се наоѓа во центарот на градот ја зафати голем пожар.

Граѓаните на Скопје споделуваат фотографии и видеа од пожарот, но веројатно се е залудно, бидејќи се што досега е направено отиде во неповрат. Скопјани се сомневаат дека пожарот е подметнат.

„Не гори само Универзална, гори еден симбол на Македонија, гори местото каде што се оддржувале Златно славејче, Скопски фестивал, Златна Бубамара, гори симболот на солидарноста по скопскиот земјотрес изграден со помош на донации од 35 земји…“, напиша познатиопт инфлуенсер Божидар Божиновски на својот фејсбук профил.

Можеби ќе ве интересира: