Музика на кирилица

Говор на омраза и препукувања поради Гарванлиев, a МРТ се уште молчи

“Вие Бугарите, слободно земете си го Васил штом го сакате, од нас го добивате гратис и Боки13”, е само еден од илјадниците коментари објавени на страницата на бугарскиот музичар и ТВ водител Слави Трифонов, кој вчера јавно му порача на Гарванлиев да си дојде во Бугарија, каде ќе му овозможи работа и достоинствен живот, објави Фокус. 

И додека во соседна Бугарија случувањата со Васил се топ тема, МРТ мудро молчи по повод настаните и се уште се нема огласено јавно со свој став по повод бурните реакции на македонската јавност, но и петицијата во која се бара тој да не ја претставува нашата земја на настанот, а е потпишана од околу 20.000 граѓани.

Пред три дена се објави кратката вест дека МРТ формирала интерна комисија која ги разгледува и анализира сите аспекти кои произлегле од реакциите на јавноста, во врска со Евросонг.

Од  Фокус се обиделе на повеќе начини да го дознаат ставот на МТВ до до денеска од јавниот сервис Молк.

И токму игнорантскиот однос и молкот на темата од страна на надлежните во МРТ, во време кога македонската, а и бугарската јавност се бранува поради настаните, го наметнува прашањето:

“Дали ние сме дораснати за еден сериозен настан како Евровизија, за кој е потребен професионален и одговорен пристап од секој аспект, а секако и транспарентност од страна на организаторот, посебно кога ќе се случат настани кои предизвикуваат говор на омраза и јавен линч”.

Текстот во целост на: Фокус. 

Можеби ќе ве интересира: