Музика на кирилица

Група “Маестро” – Нов музички состав на фолк сцената

Групата “Маестро” е музички состав кој настапува на сите видови свечености и прослави: свадби, крштевки, веридби, деловни прослави и др. Покрај македонската народна музика, групата “Маестро” негува и македонска, балканска и светска забавна музика и е една од ретките во Македонија кои можат да ги задоволат сите вкусови со богатиот и разновиден репертоар.

Кога станува збор за интерпретирањето на македонската традиционална народна музика, четворица членови од групата “Маестро” (Илија Филиповски – виолина, Александар Тренкоски – кларинет, Војче Петрушев – хармоника и Трајче Ристов – ударни инструменти) се дел од оркестарот на “Зајди, зајди” под раководство на маестро Милан Завков. Групата “Маестро” своето деби го имаа на фолк фест “Роса”, каде се претставија со песната “Отвори Јано пенџери”, дело на Милан Завков, со текст на Елена Ѓеоргиева.

Подготви: Редакција на Музика24

Можеби ќе ве интересира: