Музика на кирилица

Група Молика одржаа спектакуларен настап во Виена (Фото)

Поим за врвна забава до раните утрински часови се секогаш докажаните група Молика заедно со Анета Мицевска каде претходната седмица имаа можност да се дружат со Македонците од Виена. Тие што беа го потврдуваат истото и верувале или не со максимален број на продадени карти за кој сеуште се бараше простор повеќе да се биде дел од една незаборавна вечер.

A1“Она што мене ме изненади е големата професионалност, но и добрата прифатеност од Македонците иако не би се сомневал во нивните квалитети затоа по барање на публиката повторно започнавме преговори за нивно доагање во Виена”, изјави заменик секретарот на црковната општина Роберт Петрески-Роби кој е еден од организаторите  на целиот настан.

A 2Она што е најново од Група Молика е соработката со Гранд Продукција и дуетот со Маринко Роквиќ за композицијата “Калино Моме” со што им се отвара уште еден пат кон успех за освојување на Балканот. Воедно за сите новости и настапи поврзани за Група Молика може да се информирате на фан страната, а повеќе информации како поминала целата забава во Виена може да погледнете на следниот линк.

A3

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: