Музика на кирилица

Групата “Арија” се враќа на македонската музичка сцена (Видео)

Веројатно се сеќавате на големите хитови “Минута или две” и “Само Господ е сведок” кои пред неколку години немаше кој, а барем еднаш во себе да не ги запее. Да, станува збор за познатата македонска група “Арија” која што по подолг временски период пауза повторно се враќа на македонска музичка сцена.

Во една од најгледаните забавни тв емисии “Работна сабота” која што се емитува на националната 24 Вести, дел од групата “Арија” беше дел од оваа емисија каде што ги промовираа своите нови видео спотови, како и она што и како планираат и работат во идниот период.

На прашањето на водителка Сања Савевска што е следно што оваа група во идниот период ќе го работи, дечките од “Арија”одговорија:

“Пред се да оставиме простор новите спотови да се испромовираат како што треба, проектот кој што го работевме со каверите се врти и се гледа на You Tube, Facebook… добро поминува. Во идниот период имаме две нови песни сосема различни од новите, едната е во рок стил, а другата пак е балада нешто што одамна сме немале. Значи имаме две нови песни, со два нови видео спота кои до средината на есента би требало да ги промовираме. А на пролет, здравје боже, ако успееме да собереме материјал би извадиле нов албум”, изјави Никола Автовски дел од групата “Арија”.

Rabotna sabota_ArijaШто се однесува до фестивалите поради разно-разните обврски тие оваа година не можеа да се појават на “Макфест”, но најавија песна и можност за појавување на Скопскиот фестивал кој би требало да се одржи во месецот ноември.

Како за крај, Ви ја промовираме новата преработка на македонската народна песна “Дафино вино” која веруваме дека ќе Ви се допадне како тоа го направи групата “Арија”.

Подготви: Христина Секуловска

Можеби ќе ве интересира: