Музика на кирилица

Групата “Ayga” ја промовираше најновата песна “Macedonia forever” (Видео)

Неодамна на својот YouTube канал, групата “Ayga” ја промовираше својата најнова песна насловена “Macedonia forever”. За оваа песна групата има снимено и видео спот кој што ќе можете да го погледнете подолу. Инаку, оваа песна е дело на Дарко Тасевски кој ги подготви музиката и текстот, додека за аранжманот се погрижи Иван Тренчевски и “IT music production”.

Видеото пак само се надополнува на самата песна и е изработено од страна на Никола Витановски-Кољо. Во истото се употребени кадри од центарот на Скопје, плоштадот “Македонија”, “Хераклеа”-Битола, како и други останати локации кои се значаен белег за македонската историја и нашата земја.

Тие меѓудругото промовирајќи ја оваа нивна најнова песна посветена на Македонија, се оградуваат од сите политички партии, организации, личности, а поддршка за реализацијата на оваа песна ја добиле од невладината организација “Млади за Македонија”.

Во продолжение погледнете ја “Macedonia forever” на групата “Ayga”:

Можеби ќе ве интересира: