Една од најпознатите и популарни македонски групи “Нокаут”, годинава прославува 10 годишен јубилеј од формирањето на истата како и од првата постава која се појави пред македонската јавност во тоа време. Тие по тој повод го најавија нивниот најнов видео спот за песната “Желба”, која всушност и е дел од последниот албум насловен “Три”.
Откако се прв пат се појавија, до ден денес сменети се неколку постави на групата, а воедно зад себе имаат голем број на настапи, концерти, песни, видео спотови. Фронтменот на групата “Нокаут”, Никола Перевски – Пере по овој повод вели:
“2014 година ја завршивме со 2 предновогодишни концерти во Универзална сала и не застануваме тука. Оваа, јубилејна година ќе ја почнеме со промоција на спотот за песната “Желба”, која е дел од нашиот албум “Три”, а спотот е во завршна фаза. А, како што ветивме на промоцијата на последниот албум, нема да чекаме многу пред да ве израдуваме со нов албум. Веќе сме влезени во студио и работиме на нова песна со работен наслов “Moli Miracle”. И додека сево ова го работиме, не забораваме дека успеавме да стигнеме до тука само заради поддршката од нашата публика која очигледно сака македонска музика”, вели Никола Перевски – Пере, фронтменот на групата “Нокаут”.
Подготви: Редакција Музика24