Музика на кирилица

“Hardcore” – заедничко видео на хип хоп групите “Black and White” и “Уличен Аспект” (Видео)

Иако од нивниот прв видео спот измина речиси една година, не е доцна истиот да Ви го презентираме, Вам, на нашите редовни читатели, а воедно и да Ве запознаеме со охридската рап група “Black and White” и струшката рап група “Уличен Аспект”, кои заедно снимија видео за траката “Hardcore”. Видеото е снимено од страна на охридската видео продукција Power production.

Спотот е снимен на неколку локации во Охрид, на напуштени места… а како што може да се примети од истиот, се доловува самата тема на траката. Аудио продукцијата, снимањето и миксање се направени во охридското рап студио M.W.P (Mecka Warior Production). Во продолжение погледнето го видеото и преслушајте ја траката.

Подготви: Катерина Димиќ

Можеби ќе ве интересира: