Музика на кирилица

И Биба Додева ја скрати косата, стана плавуша (Фото)

Познатата македонска поп пејачка и голема хуманистка, активистка и пред се голем човек, Биба Додева, неодамна на своите социјални профили сподели фотографија на која се гледа дека ја скратила косата, но и дека ја променила бојата на коста. И рака на срце, добро и стои. Таа постирајќи ја фотографијата истовремено напиша:

„Време е за кратка коса. Ок. И плава“, напиша таа под фотографијата и додаде: „Жените во менопауза прават чудни работи. Можеш да ја смениш својата коса, но не и твојот мозок“, додаде Биба.

Пејачката лани есента го промовираше својот нов студиски албум, „Незаборавни“, во кој преработи 11 македонски евергрини, а се најдоа и нејзините песни, со кои настапи на „Охрид-фест“ и „Макфест“.

Можеби ќе ве интересира: