Музика на кирилица

И дел од бугарската музичка естрада со емотивни пораки за Тоше Проески (Видео)

Како што пишува музичкиот естраден портал “EstradaWorld”, освен македонските, српските и хрватските музички имиња кои пишуваат емотивни статуси и пораки за Тоше Проески, и дел од музичарите од соседна Бугарија го прават истото. Познатата бугарска пејачка Роксана која патем има голем број на хитови зад себе, за “EstradaWorld”  емотивно изјави дека ова се 14 тажни години без него и неговиот глас.

Јаница пак, во ексклузивен разговор и интервју за музичкиот портал го изјави следново:

„Кога станува збор за омилена македонска песна, во моментов веднаш се сеќавам за еден одличен пејач кој за жал не е повеќе помеѓу живите, а тоа е Тоше Проески и имам многу омилени негови песни. Неговите песни останаа во времето и ми се во срцето“, додека пак нејзината колешка Бони ја дополни во интервјуто за нас: „Тоше Проески нека почива во мир многу беше добар човек и пејач!“.

Почита кон Тоше ја искажа и пејачот Кирил Атанасов, младата музичка ѕвезда на телевизија Планета:

„За мене еден од најдобрите гласови во целост е тој на Тоше Проески. Беше голем талент, неговите песни ќе останаат вечни, затоа што тој остави длабока трага во музиката“.

Подготви: Наташа Секуловска/ЕстрадаВорлд

Можеби ќе ве интересира:

Се вчитува....