Музика на кирилица

И Слаткар стана академски граѓанин (Фото)

Изминатиот викенд во просториите на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, на Марко Маринковиќ – Слаткар му беше врачена дипломата за завршен Меѓународен маркетинг и менаџмент и тој официјално стана академски граѓанин. Популарниот рапер своето дипломирање го прославил со девојката со која што има веќе неколку годишна врска, познатата маникенка и поранешна водителка Сања Николиќ и најблиските пријатели во еден од скопските ресторани.

Марко Маринковиќ - Слаткар стана академски граѓанин“Добро е да си Академски граѓанин! Дипломиран по Меѓународен Маркетинг и Менаџмент на Универзитетот за Туризам и Менаџмент!”, напишал Слаткар на својот фејсбук профил веднаш под сликата на која ја покажува својата диплома.

Подготви: Катерина Митровска

Можеби ќе ве интересира: