Музика на кирилица

ИВАП организира јавна дебата за предизвиците во ивент индустријата

Асоцијацијата на ивент идустријата – ИВАП организира јавна дебата на 14-ти септември понеделник, со почеток во 12 часот, на која ќе бидат отворени прашањата и ќе се разговара за можностите и предизвиците кои не очекуваат во наредниот период, а се однесуваат на индустријата за организација на настани.

На дебатата се поканети релевантни и искусни личности од областа на организацијата на настани – директори на фестивали, културни промотори, директори на културни институции, сопственици на рентал компании, министерствата за економија, финансии и култура, како и претставници на град Скопје. Дебатата ќе се одвива во Градскиот Парк, кај Школка и ќе бидат запазени сите протоколи и мерки препорачани од Владата на РМ. Како учесници во дебатата веќе се потврдени како говорници: Влатко Стефановски – уметник, Оливер Белопета – директор на „Скопје Џез фестивал“, Коста Петров – сопственик на „P World“, Никола Наумоски – шеф на кабинет на градоначалникот на Скопје, Виктор Илиески – директор на Филхармонија.

Се очекува потврда за присуство на поканетите министри или нивни претставници.

„Како што знаете работата на нашиот сектор со уредба беше ограничен па потоа и забранет на самиот почеток на пандемијата, на 28.02.2020 година. Компаниите кои работат во овој сектор претрпеа значителни загуби, а приходите ни се намалија за речиси 100%. По релаксирање на мерките од страна на Владата, започнавме да работиме, но се соочивме со голем број на ограничувања како што се недостатокот на просторни капацитети, ограничувања за публика, намалениот број на билети за продажба, намалено финансирање од страна на спонзорите а од друга страна зголеми трошоци за организација на настани заради почитување на протоколите. Во пресрет на есенската и зимска сезона, кога се најавуваат зголемени мерки за претпазливост, логично е да очекуваме дека нашата работа уште повеќе ќе биде отежната. Со организирањето на оваа дебата сметаме дека заедно можеме да најдеме решенија за да ја надминеме оваа тешка година и да помогнеме еден цел сектор да не замре и да бидат затворени многу компании и изгубени работни места“, вели Маја Бабиќ, претседател на ИВАП.

Можеби ќе ве интересира: